„Breaking Bad“ ја доби наградата Еми

Актерите на Breaking Bad на доделувањето на наградта Еми во Лос Анџелес

Серијата „Breaking Bad“ за учителот по хемија кој станува продавач на дрога ја доби телевизиската награда Еми за најдобра серија. „Modern Family“ ја освои наградата за најдобра комедија, а ветеранот Мајкл Даглас за најдобар актер за телевизискиот филм „Behind The Candelabra“. Стивен Содерберг за овој филм ја доби наградата за најдобра режија. Џеф Даниелс стана најдобар актер за неговата улога во серијата „The Newsroom“.