Уапсени шестмина осомничени за напади врз Златна зора во Грција

Грчката полиција уапси шест лица во градот Месолонги, во западниот дел од земјата, во рамки на акцијата за наоѓање на напаѓачите, кои синоќа фрлиле рачни бомби во зграда каде се наоѓаат просториите на неонацистичката партија „Златна зора“.

Властите се во потрага по пет непознати лица, за кои се тврди дека биле со качулки на главата ги фрлиле рачно изработените бомби, но тие не експлодирале.
Претходно оваа недела, активист на партијата „Златна зора“ со нож го усмрти познатиот грчки рапер Павлос Фисис, кој беше со левичарски убедувања, а овој инцидент ја шокираше целата грчка јавност.