Продолжуваат борбите во трговскиот центар во Кенија

Безбедносните сили во главниот град на Кенија Најроби продолжуваат со борбите против исламистичките милитанти кои се забарикадирани во еден трговски центар. Властите велат дека во трговскиот центар има уште 10-15 вооружени напаѓачи, како и непознат број на цивили. Најмалку 59 луѓе загинаа од почетокот на нападот вчера, а повеќе од 1.000 луѓе се безбедно евакуирани. Екстремистичката организација Ал-Шабаб презеде одговорност за нападот, кој според нив е одговор на кениското учество во мисијата за стабилизација на Сомалија. Претседателот на Гана, Џон Драмани Махама, соопшти дека меѓу убиените во Најроби е и познатиот гански поет Кофи Авунор.