Таџикистанските власти соопштија дека уапсиле терористичка група

Илустрација: Душанбе.

Таџикистанските власти соопштија дека уапсиле терористичка група што планирала напади во главниот град Душанбе. Шесттемина уапсени се во притвор. Руските новински агенции Интерфакс и ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на таџикистански безбедносни извори, објавија дека лидер на групата бил Аламурод Маханов, кој бил на обука во терористички кампови во Пакистан. Групата наводно планирала напади со кои ќе ги наруши претседателските избори што треба да се одржат на 6 ноември. Министерството за внатрешни работи најави повеќе информации в понеделник. Таџикистанскиот сервис на Радио Слободна Европа објави дека меѓу милитантите што се борат против авганистанските безбедносни сили во провинцијата Бадахшан, на границата меѓу двете земји, има и Таџикистанци.