Избори за регионалниот парламент во ирачки Курдистан

Во ирачката автономна област Курдистан денеска се одржуваат избори за пратеници во регионалниот парламент. За прв пат од 1992 година една против друга се натпреваруваат Курдската демократска партија на Масуд Барзани и Патриотската унија на Курдистан на Џалал Талабани. На изборите во 2005 и во 2009 година, двете партии беа на заедничка листа. Тие исто така ротираат на премиерското место на две години, но тој договор сега прекинува. Третата партија која се надева на успех на изборите е движењето Горан(Промени), кое беше основано во 2009 година од Навширван Мустафа.