Временска прогноза - Претежно сончево време

Времето денеска ќе биде претежно сончево. Доцна попладне и кон крајот на денот ќе дојде до постепено зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во Повардарието постепено ќе се засилува. Температурата ќе се движи од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево време со слаб до умерен северен ветер, а доцна попладне и кон крајот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста. Температура ќе се искачи до 25 степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно, суво и релативно свежо време. Утре се очекува зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.