Кучи: нема прекин на спогодбите со Србија

Вчерашното убиство на цариник на Еулекс на северот на Косово нема да ја запре примената на спогодбите со Србија за интегрирано управување со границата. Ова денеска во Приштина го изјави заменик премиерот на Косово Хајредин Кучи по состанокот со командантот за цивилни операции на Европската унија Хансјерг Хабер. Тој додаде дека косовската влада е подготвена да даде секаква помош во истрагата по одговорните за убиството на цариникот на Еулекс литванецот Аудиус Шенавичиус.