Филе в понеделник во Њујорк на средба со Нимиц

Петер Стано

Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе, како што јавува МИА, в понеделник во Њујорк ќе се сретне со посредникот на Обединетите нации за грчко македонскиот спор за името Метју Нимиц. „Во контекст на неговите редовни контакти со заинтересираните страни, комесарот Филе е предвидено в понеделник во Њујорк да се сретне со Метју Нимиц“, изјави во Брисел неговиот портпарол Петер Стано за МИА која потсетува дека до ова доаѓа на помалку од еден месец до новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во евроинтеграциите.