Фаланга 2 - се бара проширување на обвинението

Обвинителството побара од Основниот суд да го прошири судскиот процес Фаланга 2 со нови обвинениеја. Проширувањето на обвинението се однесува на кривично дело тешка кражба за тројца веќе обвинети и тоа за Илчо Бојчевски, Али Касум и Златко Тодоровски и за уште едно лице кое не е дел од Фаланага 2 соопшти одбраната. Тие се товарат за кражба на артефакти: меч, шлем и плоча со натпис, пронајдени во Скопско и Неготинско. Бранителот на дел од обвинетите Звонко Давидовиќ вели дека со ова продолжува постапката со проширување на обвинието со докази кои што не постојат.
„ Се тврди дека постојат артефакти, но ниеден артефакт до ден денешен во постапката не видовме. Ниту едно копје, сабја, меч или шлем не видовме. Предметите кои се посочени во обвинителниот акт ги нема никаде. Цел предмет се води со исказ на еден единствен сведок. Ние предмети не видовме освен оние кои се одземени во почетокот како парички и некој ќуп за кои постои доказ дека не се од археолошки наоѓалишта туку дека се во приватна сопственост, предмети кои не се артефакти, а иконите кои се одземени се куќни икони а не црковни. “ изјави Давидовиќ.