Демократскиот сојуз предлага посредник на ЕУ во спорот за името

Демократскиот сојуз денеска достави предлог до комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе за назначување посредник во македонско-грчкиот спор.
Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов во писмото до Филе наведува дека доколку темелно се проучи спорот, како и ставовите и аргументите на двете страни, можно е Европската унија да предложи идеи, преку кои ќе се деблокираат евроинтеграциските процеси и ќе започнат пристапните преговори за членство на Република Македонија во Европската унија.
Овој предлог ќе биде доставен и до амбасадите на земјите членки на ЕУ, како и до амбасадата на САД.