Грчката влада прави напори да се справи со Златна зора

Грчкиот владин портпарол ги повика сите демократски политички сили „да направат ѕид пред тензиите и насилството во државата“ нагласувајќи дека Златна зора ќе биде отстранета, објави весникот Етнос.
Симос Кедикоглу додаде дека Владата прави напори за да се справи на законски начин со Златна зора. Неонацистичката Златна зора има 18 пратеници.
Изјавата на портпаролот е дадена откако во ноќта меѓу вторникот и средата беше убиен 34-годишен музичар, антифашист од страна на 45-годишен маж кој се претставил како член на Златна зора. Убиството ја шокира Грција и предизвика бурни протести во земјата.