Владата го утврди буџетот за 2014 година

Владата синоќа го утврди буџетот за наредната година, кој ќе биде испратен на усвојување во Собранието на Република Македонија.
Како што претходно најави премиерот Никола Груевски, за 2014 година е предвиден раст на БДП од 3,2 проценти, а на инфлацијата до 3,3 отсто. Дефицитот е проектиран на 3,5 проценти. Во буџетот се предвидени зголемувања на платите, пензиите и социјалните трансфери, како и на капиталните инвестиции и субвенциите за земјоделците. Пензиите, платите и социјалните надоместоци ќе е зголемат за пет насто. Капиталните инвестициите ќе одат за градби, патишта, улици, водоводи, канализациски системи.