Стејт департментот го осуди нападот врз ЕУЛЕКС на Косово

Американскиот Стејт департмент го осуди синоќа нападот врз мисијата на ЕУЛЕКС на Косово, во кој е убиен припадник на мисијата од Литванија.
Стејт департментот истакнува дека нема место за „насилство, закани и застрашувања“, денес на Косово и ги повика сите земји да работат конструктивно на пронаоѓањето одговорни за ова злосторство.
Припадник на ЕУЛЕКС од Литванија Адријус Шенавичијус им подлегна вчера на повредите здобиени во инцидент, во близина на Звечан, кога врз две возила со шестмина припадници на ЕУЛЕКС е отворен оган од заседа. Тројца припадници се ранети, а по непознатите извршители се уште се трага.