Иванов го предаде Меморандумот за членство во ЕУ

Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската унија Аиво Орав и притоа му го предаде потпишаниот Меморандум за исполнување на стратешката цел за членство на Македонија во Европската унија. „Нема прашање во државата за кое може да се постигне толку широк политички консензус и толкава поддршка, освен за европската идеја, што треба да претставува јасен сигнал за Европската унија“, оцени Иванов. На средбата се разменети мислења и информации во врска со претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија. Претседателот Иванов изрази очекување дека Република Македонија ќе добие уште еден позитивен извештај.