Раст на берзите по одлуката на американскиот ФЕД

Берзите бележат раст ден откако американската централна банка ФЕД реши да не го менува нејзиниот исклучителен поттик на американкото стопанство и да ја задржи референтната каматна стапка околу нулата. Ова е неочекуван потег на ФЕД кој соопшти дека ќе продолжува да купува државни обврзници во вредност од 85 милијради долари месечно додека не добие цврсти докази дека стопанството зајакнува. Каматната стапка на федералните средства, што е главен инструмент на цантралните банки, останува меѓу 0 и 0,25 проценти. Банката исто така ја намали нејзината прогноза за стопанскиот раст за оваа и идната година.