Мекејн со остри критики до Кремљ

Џон Мекејн

Влијателниот американски сенатор Џон Мекејн во коментарот објавен во весникот „Правда“ ја обвинува руската влада за затворање на нејзините опоненти, за контрола врз медиумите и за казнување дисиденти. Мекејн пишува дека рускиот народ заслужува подобро раководство од сегашното на претседателот Владимир Путин. Тој исто така го критикува Путин поради неговата поддршка на сирискиот режим. Коментарот на Мекејн следува откако Путин во коментарот објавен во „Њујорк тајмс“ ја критикуваше американската „исклучителност“.