Судири во близина на Каиро

Египетската државна телевизија јави дека изутрината дошло до судири меѓу безбедносните сили и вооружени групи во периферијата на Каиро. Според извештаите, војниците требало да уапсат лица обвинети за палење полициски станици и убивање полицајци во нередите до кои дојде откако војската го собори исламистичкиот претседател Мухамад Морси во јули годинава. Безбедносните сили успеале да ја преземат контролата и повторно да воспостават полицски час.