Поздравено ослободувањето на политички затвореници во Иран

Организации за човекови права, меѓу кои и Амнести интернејшнал, го поздравија ослободувањето на десетина политички затвореници во Иран. Меѓу ослободените се и активистот за човекови права Насрин Сотоудех и реформистичкиот политичар Мохсен Аминзадех. Тие беа во затвор поради безбедносни обвиненија што често се подигнуваат против активистите во Иран. Ослободувањето доаѓа во пресрет на на планираната посета на иранскиот претседател Хасан Рохани на Њујорк наредната недела, каде што треба да учествува на Генералното собрание на ОН.

Заменик директорката на Амнести интернејшнал за Блискиот Исток и Северна Африка, Хасиба Хаџ Сахрауи, изјави дека ослободувањето на Сотоудех и на останатите затвореници мора да значи фундаментална промена во политиките за човекови права во Иран и во начинот на кој властите се справуваат со мирните активисти и критичари. Во спротивно, рече таа, на потегот може да се гледа како на искалкулиран трик во пресрет на посетата на ОН.