Истрага во канцелариите на Златна Зора во Атина

Грчката полиција во Атина ги пребарувала канцелариите на крајно десничарската партија Златна Зора, откако едно лице беше претепано до смрт од подржувач на таа партија. 34-годишниот Павлос Писас, анти-фашистички активист, починал изутрината во болница од последиците на нападот, а напаѓачот е идентификуван и уапсен. Златна Зора го осуди инцидентот, демантирајки каква било вмешаност.