Притвор за приведените во аферата „Шпион“

Притвор од 30 дена им е изречена на 16 осомничени во акцијата „Шпион“. На еден од приведените му е одреден домашен притвор, поради неговата здравствена состојба, а еден е ослободен. Трите лица кои се во бегство, истражниот судија им изрекол притвор во отсуство и по нив е распишана потерница. Според кривичната пријава од МВР тие се товарат за злосторничко здружување, за шпионажа и за уцена. Судот решил целиот истражен процес да се одвива зад затворена врата, бидејќи во предметот е опфатен доверлив материјал.