Катимерини: Скопје се обидува да ја вмеша Грција во шпионажа

По повод аферата што ја обелодени македонската влада, влијателниот атински весник „Катимерини“ денеска пишува дека „Скопје се обидува да ја вмеша Грција во шпионажа“ и оти Атина неофицијално го демантира тоа. Македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вчера изјави дека привдените лица шпионирале за разузнавачка служба на една соседна држава чие име не го изнесе. Но, атинскиот весник укажува дека во текот на прес конференцијата се појавила информација дека станува збор за Грција. „Неофицијално се пренесува дека еден од уапсените повремено на Халкидики се состанувал со луѓе на грчката тајна служба и им давал информации за пари“, пренесува „Катимерини“, кој додава дека владини извори во Атина сметаат оти аферата била фабрикувана.