Јавниот сектор во Грција на дводневен штрајк

Лекарите во Грција од вчера се во тридневен штрајк во знак на протест против отпуштањата, а од денеска 48 часовен штрајк почнуваат и вработените во јавниот сектор. Во меѓувреме продолжува штрајкот на професорите од државните и приватни училишта, како и на вработените во осигурителните компании. На штрајкот, организиран од синдикатот на државните службеници, ќе се приклучат и судските службеници. Владата во Атина планира до крајот на годинава да отпушти околу 12.500 државни службеници како дел од напорите за решавање на проблемите во државниот сектор и како еден од условите за добивање на помош од меѓународните кредитори.