Обама бара да се тестира подготвеноста на дијалог на Иран

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека новиот ирански претседател Хасан Рохани најверојатно сака отворен дијалог со Западот и побара да се тестира таквата можност. Обама во интервју за Телемундо рече дека постои шанса за дипломатија со Иран, која се надева дека земјата ќе ја искористи.
Коментарот на Обама доаѓа по објавата од пред неколку дена дека тој си разменил писма со Рохани. Соопштението предизвика шпекулации за евентуална средба на двајцата лидери на маргините на Генералното Собрание на ОН во Њујорк.