Карзаи не сака да брза со безбедносниот договор со САД

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека неговата земја не брза да го заклучи безбедносниот договор со САД. Според него, Вашингтон треба да исполни четири важни услови пред да биде потпишан договорот со Кабул со кој ќе се одреди статусот на американските сили во Авганистан по повлекувањето на НАТО во наредната година.
Карзаи порача дека условите предвидуваат осигурување на безбедноста и одржување на воените сили на Авганистан, како и зајакнување на домашната економија и почитување на националниот интегритет.