Ослободен поранешниот командант на ОВК Лимај

Фатмир Лимај

Основниот суд во Приштина денеска, на обновеното судење, го ослободи поранешниот командант на ОВК Фатмир Лимај, како и деветмина други обвинети за воени злосторства во село Клечка во 1999 година. На првото судење во минатата година, судот исто така донесе ослободителна пресуда, на што обвинителот од Еулекс најави жалба на пресудата.