Иванов и Јахјага задоволни од надминувањето на трговскиот проблем

Претседателите на Македонија и на Косово Ѓорге Иванов и Атифете Јахјага на денешната заедничка прес-конференција во Драч изразија задоволство од надминувањето на неодамнешниот проблем во трговската размена.
Тие изразија надеж дека во иднина нема да се повторат вакви проблеми кои ја ограничуваат економската соработка меѓу двете земји.