Исправен заринканиот брод „Коста Конкордија“

Спасувачките екипи во Италија успеаја да го исправат заринканиот веќе 20 месеци брод „Коста Конкордија“. Во деветнаесетчасовната операција која заврши рано изутринава со кабли и метални кутии полни со вода екипите успеаја да го качат бродот на платформа конструирана на морското дно. Триесет и две лица загинаа кога 290 метри долгиот брод удри во карпи во јануари 2012 година.