Форбс - Бил Гејтс и натаму најбогат

Ко-основачот на Мајкрософт Бил Гејтс останува најбогатиот човек во Америка, наведува списанието "Форбс" на листата на 400 најбогати луѓе во САД. Нето богатството на Гејтс е во вредност од 72 милијарди долари.
Инвеститорот Ворен Бафет, шефот на Беркшир Хатвеј, е на второто место со 58 милијарди долари.
Ко-основачот на Оракл, Лари Елисон е на третото место со 41 милијарда.
400 луѓе на годишната листа на Форбс имаат 2 трилиони долари што е рекорд. Јазот во Америка меѓу најбогатите и другите се прошири од појавата на финансиската криза.