Јапонија од денеска без нуклеарна енергија

Јапонија денеска го исклучи и последниот реактор и моментално е без нуклеарна енергија, со цел да биде извршена инспекција на сите јапонски нуклеарни централи. Нема временски рок до кога треба да трае инспекцијата. Јавноста во Јапонија го зголеми протисокот врз Владата во врска со безбедноста на нуклеарните централи, особено по хаваријата во Фукушима, по земјотресот и цунамито во 2011-та година. Една третина од потребната енергија, Јапонија ја добиваше од нуклеарните централи, па сега е принудена да увезува големи количества јаглен, гас и други енергенси.