Романија: протести поради планот за отворање рудник за злато

Илјадници Романци протестираа вчера поради планот во Трансилванија да биде отворен најголемиот рудник за злато во Европа. Околу 20 илјади луѓе во Букурешт и во други градови ја критикуваа употребата на цијанид во процесот на екстракција и ги обвинија властите за обид за продажба на романски имот за прениска цена. Канадската фирма Габриел Ресурсис се надева дека ќе издвои 300 тони злато во Росиа Монтана. Проектот во изминатите недели предизвика протести откако владата на премиерот Виктор Понта одобри предлог закон за забрзување на отворањето на рудникот.
Понта во неделата беше во планираниот рудник за да ги убеди 33-јцата рудари кои одбиваат да ја напуштат поранешната рударска галерија, да го прекинат нивниот протест. Рударите страхуваат дека ќе ги загубат своите работни места ако проектот е блокиран.