Невреме во Мексико, 20 загинати

Најмалку 20 лица загинаа во двете силни бури што го погодија Мексико. Ураганот Ингрид, чиј главен удар се очекува денеска, предизвика поплави и натера илјадници луѓе да се преселат во засолништа за итни ситуации на атланскиот брег. Ураганот е проследен со ветар со брзина од 130 километри на час, кој предизвикува огромни штети.
На север, тропската бура Мануел го погоди пацифичкиот брег, каде што има поројни дождови, а големи штети се регистрирани во околината на Акапулко. Во неколку држави се оштетени патишта и телекомуникациски врски.