Ирак-35 жртви во серија бомбашки напади

Ирачките власти соопштија денеска дека во серија на бомбашки напади во најчесто шиитските области во земјата загинале најмалkу 35 лица. Најсмртоносниот напад се случил во градот Хилах, каде во експлозија на два автомобили бомби загинале 15 лица.Шефот на локалниот совет во Багдад, Ријад ал Адхадх го избегнал обидот за негов атентат, кога конвојот во кој се превезувал бил нападнат со автобил бомба. Полицијата соопшти дека сунитскиот адвокат не бил повреден во нападот, но дека загинале други три лица, а четворица биле повредени.