Сириската опозиција го избра новиот премиер

Членови на сириската национална коалиција

Опозициската сириска национална коалиција го избра модернистичкиот исламист Ахмед Тоумех за лидер на владата. 48 годишниот Тоумех ќе го замени Гасан Хито, американскиот државјанин со сириско потекло кој беше избран на функцијата во средината на март. Тоумех потекнува од покраината Деир ал Зоур и има блиски врски со Муслимаското братство чии членови го сочинуваат мнозинството во коалицијата. Тоумех е стоматолг по професија.