Протести на работниците во Полска

Полскиот премиер Доналд Туск

Десетици илјади работници излегоa на улиците во Полска да протестираат против владините политики за правата на работниците и нивните платит. Организаторот соопшти дека на протестите во главниот град очекувале да учествуваат сто илјади луѓе. Синдикатите соопштија дека политиката на премиерот Доналд Туск ги повредува интересите на работниците и нивните семејства. Туск веќе шест години ја предводи земјата, но неговата влада ја губи популарноста откако спроведе реформи во пензискиот систем.