Застрелан полицаец во Пакистан

Вооружена група застрелала полицаец во пакистанскиот град Карачи. Според извештаите, Мумтаз Шах бил убиен денеска наутро додека се возел со неговиот автомобил до работното место. Убиството доаѓа во време кога пакистанската влада се обидува да воспостави ред во градот, кој се соочува со криминал и терористички напади. Пакистанкиот премиер Наваз Шариф нареди да се спроведе операцијата во Карачи на 4 септември.