Филе-ЕУ сака да ги продлабочи односите со Ерменија

Еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе изјави дека Брисел се уште има желба да ги продлабочи односите со Ереван, и покрај плановите на Ерменија да стане членка на Царинската унија предводена од Русија.
Во интервју за ерменскиот сервис на Радио Слободна Европа, Филе порача дека земјата не може да биде членка на Царинската унија и во истовреме да го потпише Договорот за асоцијација со ЕУ со кој се зајакнуваат трговските и политичките врски меѓу двете страни. Според него, Брисел сака да ја слушне визијата на Ерменија за идните врски со земјите членки на Унијата.