Надежни разговори во Женева и за мир во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Женева изјавија дека разговорите за хемиско разоружување на Сирија ќе помогнат за обнова на плановите за одржување меѓународна мировна конференција за Сирија. По состанокот со специјалниот пратеник на Обединетите нации Лахдар Брахими, тие соопштија дека кон крајот на месецов ќе се состанат за да разговараат за конференцијата.