Министрите за финансии на еврозоната за банкарската унија

Министрите за финансии на 17 земји од еврозоната денеска во Виљнус разговараат за формирање банкарска унија со цел стабилизирање на финансискиот систем на Европската унија. Меѓу членките постојат големи несогласувања околу ова прашање, но како што се наведува, има и голема подготвеност тие да бидат надминати до мај идната година. Се наведува дека министрите ќе се осврнат и врз финансиската ситуација во Словенија.