Смртни казни за четворица силувачи во Индија

Индиски суд денеска им изрече смртни казни на четворицата осудени за фаталното силување во декември лани кое предизвика бес во земјата. Тие беа прогласени за виновни за напад и силување на 23 годишна девојка која потоа почнина од здобиените повреди. Инцидентот поттикна протести во Индија, како и национална дебата за третманот на жената во таа земја. Денешната пресуда мора да биде потврдена од Врховниот суд.