Би-Би-Си: ФИФА со истрага за расизам на македонски навивачи

Британската Би-Би-Си на веб страницата објави дека Светската фудбалска асоцијација ФИФА ќе покрене истрага за наводни расистички навреди кон шкотскиот репрезентативец Икечи Аниа од страна на македонските навивачи. Наводниот инцидент се случил на натпреварот во Скопје меѓу Македонија и Шкотска. Според Би-Би-Си пријавата до ФИФА стигнала од организацијата ФАРЕ која се бори против насилството и расизмот на фудбалските терени. Како што се наведува во информацијата ФИФА во случај да добие докази за овој инцидент ригорозно ќе ја казни Македонија. Натпреварот Македонија - Шкотска се одигра во вторникот и заврши со победа на гостинската екипа од 2:1, а токму посочениот фудбалер беше стрелец на првиот гол за шкотската селекција