Нови судири во Истанбул

Истанбул, 12.09.2013.

Турската полиција повторно интервенираше во Истанбул за растурање на илјадниците лица кои протестираа поради смртта на еден 22 годишен демонстрант во понеделникот во градот Антакија. Полицијата употреби солзавец, водени топови и гумени куршуми, со цел да спречи демонстрантите да се приближат до локалната канцеларија на владеачката Партија на правдата и развојот. Според турските медиуми инциденти имало и во главниот град Анкара и во Антакија. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја обвини опозициската Републиканска народна партија дека ги организира немирите. Во Турција за шест месеци се закажани локални избори.