Напад во близина на американскиот конзулат во Херат

Автомобил-бомба управуван од бомбаш-самоубиец изутрината експлодира на околу 60 метри од американскиот конзулат во градот Херат во источен Авганистан, по што избила престрелка меѓу безбедносните сили и милитантите. Полицијата соопшти дека двајца припадници на безбедносните сили загинале, а биле убиени и петмина милитанти. Портпаролот на американската амбасада во Кабул изјави дека персоналот од конзулатот во Херат е безбеден. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.