Пациенти со ХИВ се врзаа со лисици во болница во Украина

Тројца пациенти во главната украинска болница за лица со ХИВ се врзаа со лисици за креветите во знак на протест против планираното затворање на болницата. Една од демонстрантките, Ана Константинова, оцени дека одлуката за затворање на клиниката е цинична и сурова. Друг пациент, Сергеј Дмитриев, пак, рече дека клиниката е „единственото место каде што луѓето може да си ги спасат животите и да се борат со сидата“. Клиниката има околу 9.000 регистрирани пациенти од цела Украина. Владата вети дека ќе отвори нова установа, но оти сè уште не е подготвена да прима пациенти.