Филе против руското условување на Источното партнерство

еврокомесарот Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во денешниот говор во Европскиот парламент во Стразбур се очекува да ја критикува Русија за казнувањето на земјите од Источното партнерство кои сакаат поблиски врски со Европската унија. Според него, неприфатливо е секое руско условување на земјите кои имаат намера на самитот на Европската унија во ноември во Виљнус да потпишат спогодби за асоцирање со Унијата.