На преговори во Приштина, Муса Џафери

Косовскиот премиер Хашим Тачи, на денешната седница на владата истакнал дека во телефонски разговор со македонскиот премиер Никола Груевски било договорено проблемите на македонско – косовската граница да бидат надминати до утре. Тачи најавил дека во Приштина ќе допатува вице-премиерот Муса Џафери на разговори со косовските вице-премиери Хајредин Кучи и Мимоза Кузари Лила. Ова не е добра слика ни за Косово, ни за Македонија, истакнал Тачи. Министерката Мимоза Кусари Лила повтори дека кога Македонија ќе ги укине нејзините мерки, Косово веднаш ќе ја повлече одлуката за забрана на увоз на стоки од Македонија.