Ослободување на талибански командант, надеж за мир во Авганистан

Мула Абдул Гани Барадар

Авганистанската влада ја поздрави информацијата дека Пакистан ќе го ослободи поранешниот талибански командант Мула Абдул Гани Барадар, во рамките на напорите за окончување на 12 годишната војна во Авганистан. Кабул верува дека Барадар ќе го помогне мировниот процес во Авганистан. Пакистан соопшти дека ќе го ослободи Барадар, но нема да му го предаде на Авганистан, како што се надева Кабул.