Кина ќе инвестира 3 милијарди долари во Киргистан

Бишкек, 11.09.2013

Кинескиот претседател Кси Џинпинг и претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев, денеска во Бишкек потпишаа декларација за стратегиско партнерство како и повеќе договори за економска соработка. Меѓу другото, Кина ќе му испорача возила на Киргистан, ќе гради гасовод, ќе ја реконструира електро-централата во Бишкек, ќе гради автопат и ќе му даде кредит од 10 милиони долари. Вкупната кинеска инвестиција во Киргистан достигнува вредност од 3 милијарди долари. Џинпинг е во 4-дневна посета на Бишкек, каде што во петок ќе се одржи и самитот на Шангајската организација за соработка.