Еди Рама мандатар за состав на нова влада на Албанија

Еди Рама

Албанскиот претседател Бујар Нишани денеска му го додели мандатот за состав на нова влада на Еди Рама, лидер на левичарската коалиција која победи на парламентарните избори на 23 јуни. 49 годишниот Рама е претседател на Социјалистичката партија и поранешен градоначалник на Тирана. Во согласност со коалицискиот договор, нов претседател на Парламентот треба да биде Илир Мета, лидер на Социјалистичкото движење за интеграција. Според најавите, парламентот за изборот на новата влада најверојатно ќе се изјасни в четврток.