Делегација на Националната гарда на Вермонт во посета на АРМ

Горанчо Котески

Висока воена делегација на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, предводена од командантот, генерал-мајор Стивен Креј од денеска престојува во тридневна официјална посета на АРМ на покана од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Горанчо Котески. Целта на посетата е запознавање со достигнувањата на АРМ во процесот на трансформацијата и разгледување на можностите за унапредување на понатамошната соработка.