ХРВ: хемискиот напад го извршил сирискиот режим

Хјуман рајтс воч соопшти дека доказите силно сугерираат оти нападот со хемсико оружје на 21 август во Сирија бил изведен од владините сили. Оваа организација образложи дека ваквиот заклучок го извела по анализата на искази на сведоци, остатоци од оружјето со кое бил извршен нападот и медицински наоди на жртвите. Според Хјуман рајтс воч, притоа бил употребен нервен гас сарин. Во нападот загинале над 1400 луѓе.